fbpx

Британскиот премиер Борис Џонсон го повика денеска американскиот претседател Доналд Трамп да го замени иранскиот нуклеарен договор со нов, сопствен документ, со цел да постои гаранција дека таа земја нема да произведе нуклеарно оружје.

– Ако треба да го отфрлиме овој, тогаш ајде да го замениме и тоа со нов, Трампов договор, истакна Џонсон, оценувајќи дека тоа би претставувало одличен начин за постигнување напредок.

Тој смета дека Трамп, според сопствените зборови, одлично подготвува договори.

– Ајде да соработуваме и да го замениме постоечкиот со нов договор, подготвен од Трамп, нагласи Џонсон.

Shpërndaj me

Loading...