fbpx

Германија со раширени раце ги чека работниците од земјава кои од март  ќе имаат олеснети услови за добивање работна дозвола. Заменик амбасадорот на Германија во земјава Ото Граф не го криеше задоволството дека најмоќната европска економија ќе добие нова млада работна сила. Амбасадорот сепак на идните печалбари кои не се доволно добро квалификувани им порача дека живејачката кај нив е скапа за тие плати, па добро би било да најдат вработување во некоја од странските инвестиции во Македонија, која е со германски капитал.

„Германските компании се среќни што добиваат нова работна сила, а од друга страна пак инвеститорите кои се тука се среќни што ќе останат одреден број на луѓе тука. Постои поле каде што има натпревар, не е добро регулирано, но целта е да се работи на овие проблеми и да се направат работните места во земјава попривлечни и да ги задржат младите луѓе во земјата“, рече Ото Граф, заменик амбасадор на Германија во Македонија.

Бизнисмените, кои редовно се жалат на недостатокот на работен кадар веќе стравуваат дека работите може дополнително да се влошат. Апелираат да проработи свеста кај родителите и своите деца да не ги праќаат на факултет, туку да учат некој занает при што ќе имаат сигурна иднина во земјава. Од Стопанската комора предупредуваат дека условите за работа во странство не се добри и порачуваат младите да останат во Македонија.

„Процесот на образование не треба  да биде насочен само кон високо образование на секој млад човек. Туку дека подобри резултати во обезбедувањето на стручен кадар би можеле да се добијат доколку сите ние сме свесни дека со средни стручно образование би можеле да најдеме соодветна работа“, рече Елена Милевска-Штрбевска, Стопанска  Комора.

Од германската амбасада посочија дека годишно околу десет илјади работни визи делат на граѓаните од земјава. Немаат информација колку граѓани од Македонија работат на црно во Германија. За околу еден месец, лицата кои не се од земјите членки на Европската Унија ќе може да најдат работа од дефицитарните струки многу лесно.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...