fbpx

Многубројните реакции од јавноста и претставници на СДСМ го принудија министерот за здравство, Венко Филипче, да се повлече од идејата, хируршките интервенции за промена на полот да ги покрива државата. Оваа одлука беше на сила само десет часа.

Лидерот на ВМРО -Христијан  Мицковски, ја критикуваше вчерашната одлука, противејќи се пари на граѓаните да се даваат за таков вид интервенции.

„ Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот да, но не со пари на граѓаните“, iyjavi Христијан Мицковски, ВМРО ДПМНЕ.

Реагираа и сопартијците на министерот Филипче. Според градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски таквата одлука на Филипче била навредлива.

„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка! Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во претставничката демократија законот е волја на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци“, изјави Максим Димитриевски, Градоначалник на Куманово.

За утре е најавена првата парада на гордоста. Паралелно со оваа парада на која ќе се браната правата на маргинализираните групи, вклучително и на ЛБГТ заедницата најавен е и марш за промовирање на вредностите на традиционалното семејство

Вјолца Алити                                                                       

Shpërndaj me

Loading...