fbpx

Под високи безбедносни мерки денеска се одржа првата парада на ЛГБТИ заедницата „Скопје Прајд“. Присутни беа голем број граѓани, кои го вееја знамето во боите на виножитото – симболот за оваа заедница. Дел од присутните рекоа дека целта е сите да имаат исти права, а други пак беа излезени во поддршка на оваа зедница.

Верувам дека општеството во нашата земја оди кон европските вредности, каде секој треба да биде рамноправен со другите, како и да биде почитуван. Секогаш велам, ние сме толку многу што можеме да обезбедиме еден до двајца пратеници во Собранието на Македонија.

Инаку, неколку километри подалеку, паралелно со оваа парада се одржа и маршот под мото „Сведоштво за семејството“, во промоција и заштите на традиционалните семејни врености.

Инаку, парадата на гордоста беше организирана од Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата и таа се совпаѓа со 50-годишнината од бунтот на Стоунвол – настан кој се смета за пресвртница на движењето за ЛГБТИ-правата. На денешната парада присуствуваа министрите Радмила Шекеринска, Мила Царовска и Зорица Апостолска, како и амбасадорите на САД, Франција и Холандија.

 

Shpërndaj me

Loading...