fbpx

Сезонскиот грип ја зема првата жртва. Поради тешки компликации од грипот почина 14-годишно двеојче која била хоспитализирана на Клиниката за деца во Скопје. Здравствените власти соопштија дека тинјеџерката  страдала и од хронична енцефалопатија – болест поврзана со нарушувања на црниот дроб. Во моментот, 17 деца со грип се хоспитализирани на Детската клиника.

Институтот за јавно здравје објави дека вирусот оваа недела се шири повеќе кај децата на училишна возраст, од 5-19 години. Здравствените власти соопштија дека доколку трендот продолжи со истото темпо во текот на следните две недели, може да се разгледа можноста за затворање на училиштата. Во текот на изминатата недела, регистрирани се 3614 нови случаи на грип и други болести слични на грип, што претставува зголемување од околу 28% во однос на претходната недела. За оваа сезона, бројот на заразени лица достигна над 10.000.

Vjollca Aliti               

Shpërndaj me

Loading...