fbpx

По 15 пат по ред и годинава во Гостивар, се одржува уметничка колонија, под посебни мерки на внимателност поради пандемијата. Уметниците од земјава на најмлада возраст, престојуваат во хотел, а највозрасните и се приклучиле на колонијата работејќи од нивните домови. Учествуваат уметници од повеќе од 30 држави во светот, но секој си работи во својата држава. Изложбата ќе биде „онлајн“.

Со завршувањето на колонијата, ќе се организира „онлајн“ изложба, ќе се претстави и на Јутјуб. Се надевам дека догодина нема да има криза со вирусот и сите овие дела да ги изложиме на изложба“-изјави Решат Амети, раководител на уметничката колонија.

Влијанието на пандемијата во секојдневниот живот, е токму темата што ја избрала да ја слика уметничката од Кичево, Шќипе Мемети.

Тука работам две слики, кои се однесуваат на актуелната состојба со Ковид, значи инспирацијата ја црпам од ова. Едно време бевме изолирани и сега можеме да ги одржуваме нашите активности како што сме научени“-рече Шќипе Мемети, сликарка.

Решив да сликам една со дебарски мотиви, тоа е орото во пар на мажи, затоа што потекнувам од Дебар и сакав да ја претставам дебарската култура во Македонија“-истакна Дритан Боцку, сликар од Дебар.

Годинешната колонија ќе трае до 14 август, по што ќе започне подготовката на сликите за „онлајн“ изложбата.

 

Башким Сулејмани

 

Shpërndaj me

Loading...