fbpx

Екс-премиерот и претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски е главниот инвеститор за планираниот нов хотел во барок под Кале. Ова накратко е заклучокот од истражувањето на АЛСАТ М за тоа која е фирмата ГМ Инвест Груп, која во вторникот победи на аукцијата за атрактивната  парцела со понуда од 44 евра за квадрат.

Според документите од Централниот регистар, фирмата купувач ГМ Инвест Груп од Струмица е во целосна сопственост на друга струмичка компанија- АМГ ЕДИЛХА. ЕДИЛХА пак, според тековната состојба, е компанија основана и во сопственост на физичко лице од с. Секирник, Босилово, но има и содружник- фирмата ВИП Проект од Скопје.

Копманијата од главниот град, патем поседува две третини од вкупниот влог во ЕДИЛХА, а и на нејзината интернет страна се вели дека струмичката е нивна фирма-ќерка.

Сопственик на ВИП Проект пак, е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот, годината и местото на раѓање на поранешниот премиер, тогаш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

АЛСАТ М уште завчера побара изјава по неколку прашања од фирмата која победи на јавното наддавање, а денеска побаравме и изјава од Љубчо Георгиевски за планираната инвестиција. Барем до овој дневник, нема одговор ниту од двете места.

Земјиштетото за кое на аукција победи фирма-ќерка на компанијата на Георгиевски, го продава Министерството за транспорт и врски, односно Владата. Екс-премиерот и партијата со која раководи, ВМРО-НП до пред парламентарните избори беа во коалиција со најголемата опозициска партија СДСМ и често критички ја ценеше работата на неговата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ.

Shpërndaj me

Loading...