fbpx

Во последните 24 часа, четири лица починаа, а 166 се новозаразени од „Ковид-19“. Починатите се на возраст од 58 до 77 години. Во однос на новите случаи, повторно повеќе заразени има во главниот град, 41, во Штип 23, Куманово 17, Гостивар 15, Тетово 12, Македонски Брод 10 и Струга 7.

Повеќе нови случаи има во:
Скопје 41
Штип 23
Куманово 17
Гостивар 15
Тетово 12
М. Брод 10
Струга 7

Во последните 24 часа излечени се 85 пациенти, претежно од Скопје, Штип и Куманово. Од друга страна, во однос на активните случаи во скопските општини, Чаир останува најпогоден со 170 активни случаи, општина Аеродром со 156, Гази Баба со 139, Кисела Вода 149, општина Центар со 120 колку и општината Карпош, како и со 111 активни случај е општина Шуто Оризари.

АКТИВНИ СЛУЧАИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ
Чаир 170
Аеродром 156
Гази Баба 139
Кисела Вода149
Центар 120
Карпош120
Шуто Оризари 111

Низ целата земја бројот на активни случаи е 3675. Министерот за здравство Венко Филипче од друга страна ги предупреди граѓаните дека лежалките во плажа можат лесно се заменат со болнички кревети ако не се почитуваат препораките. Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од „Ковид-19“, бидејќи во последните денови плажите во Струга и Охрид се полни со граѓани не ја одржуваат дистанцата и неги почитуваат мерките на заштита.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...