Нема решение на проблемот со недостатокот на неколку видови на инсулинска терапија за пациентите во Струга, реагираат дел од нив. Тие велат дека и понатаму многумина биле принудени инсулинот Новомикс да го набавуваат приватно од Албанија или Србија каде едно пенкало чини 10 евра.

„Моментално ги нема Новомиксот, Новорапидот и Лантус. На луѓето наместо пет пенкала им даваат по две пенкала“, рече Иво Дукоски- претседател на здружение на дијабетичари од Струга.

„Она што се случува денес е грев за болните од дијабетис. Тоа е срамота“.

„Луѓето не сакаат да излезат и да зборуваат за проблемот кој е горлив, само да не им наштет на своите деца и внуци“, велат дел од корисниците на инсулин.

Дукоски вели дека бараат средба со Комисијата за инсулин и Министерството за здравство за да ги изложат своите проблеми. Ако нема решение вели дека ќе бидат приморани да ги повикаат луѓето на мирни протести.

Раководителот на болничката аптека за инсулин во Струга Јасминка Ќелешоска ни потврди дека има недостаток на некои видови од овој лек. Алсат побара одговор и од Министерството за здравство, но засега не го добивме. Сличен проблем неофицијално се дознава дека има и во други градови низ земјава.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...