Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18 400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком” за да пристапат на интернет само за платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

“Дистрибуцијата на картичките до социјално загрозените семејства кои имаат деца во основно и во средно образование ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку центрите за социјална работа. На овој начин не оставаме ни едно дете. На сите им обезбедуваме интернет за да можат да ја следат наставата“, рече Дамјан Манчевски министер за информатичко општество.

„Телеком ќе донира мобилен интернет за сите 30 илјади основци и средношколци кои доаѓаат од семејства со социјален ризик за да ги следат на наставните програми на платформите за далечинско учење на определени од Министерството за образование и наука до крајот на учебната година. Ова е еден чекор напред кон решавање на предизвикот за обезбедување на еднакви услови за дигитална настава за сите деца. Ние имаме одговорност да обезбедиме силна и стабилна интернет врска но и морална обврска да придонесеме за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба“, изјави Никола Љушев директор на Македонски Телеком.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...