fbpx

Пред секој следен чекор мора да се постигне минимум согласност меѓу политичките елити за основите на надворешната политика, смета Малинка Ристевска Јорданова од Институт за европска политика.Во емисијата „360 Степени“ таа повика недобивањето датум за преговори за членство во Европската Унија партиите да не го искористат за политичко поткусурување. Според неа, земјава треба да остане посветена на квалитетот на евроинтегративниот процес.

Но во никој случај не би требало да се брза од Самит до Самит, туку многу систематски да се направи стратегија со неколку клучни точки. Да, одиме таму, но сите ќе лобираме заедно за ова и вака ќе ги градиме нашите капацитети“-рече Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика .

За универзитетскиот професор Александар Спасеновски е корисен потегот на претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба велејќи дека за европската перспектива на земјава ќе биде потребен политички консензус.

Доколку успееме да го постигнеме тој консензус веќе навлегуваме во една зона на умереност по којашто не можеме да оперираме со некакви други политички цели надвор од овој, би рекол, востановен децениски регионален процес на интеграција на Република Македонија во Европската Унија“-рече Александар Спасеновски, универзитетски професор.

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети не гледа полза ниту во одењето на предвремени парламентарни избори зашто, според него, тоа нема да ги реши проблемите во евроинтегративните процеси.

Shpërndaj me

Loading...