fbpx

Обилно крварење е причина за смртта на 40 годишната родилка која почина на Клиниката за гинекологија и акушерство само ден по извршениот царски рез на кој докторите извадиле мртво бебе. Докторите велат дека направиле се да го запрат крварењето но жената починала. Кога родилката дошла во болницата, докторите забележале сомнителен наод на ЦТГ , по што и рекле да се врати во болницата за два часа, како превентива од корона вирусот. Во тие два часа , родилката која заминала во својот дом почнала да крвари и веднаш ја вратиле во болницата каде бил извршен царскиот рез. Нејзините роднини велат дека таа можела да се спаси ако била задржана во болницата. Но со ова не се согласуваат докторите.

 Царскиот рез иако поминал уредно без оперативни компликации набрзо после тоа веќе паднала во едНа специфична состојба која е тешка компликација на абдрукција на постелката, односно пред одлепување на постелка која се вика дисциминирана интерваскуларна колагулација. Настанало нарушување на  коагулцијата и пациентката почнала да дифузно да крвари од сите органи“-изјави Сашо Стојчевски, доктор на ГАК.

На родилката ова и била 11 бременост. Таа досега родила четири бебиња и направила шест абортуси. Прегледот во Клиничката болница и бил втор за време на нејзината осумесечна бременост. Според гинекологија, бременоста кај родилкката не била контролирана и не знаеле која недела е од бременоста. Смртта на родилката и на нејзиното бебе ќе го истражува внатрешна комисија на Гинекологија и Комисија формирана во министерството за здравство. Четириесет годишната трудница е од населбата Шуто Оризари. Во оваа населба цели осум месеци нема гинеколог. Гинеколошката ординација на 22 јануари ги затвори вратите на ординацијата. Од министерството за здравство тогаш најавија дека ќе се најде решение за жените кои  со години се соочуваат со недостиг на матични гинеколози.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...