fbpx

И натаму остануваат троцифрените бројки на заразени со коронавирус во земјата. Во последните 24 часа, од 1356 направени тестови, 102 биле позитивни на Ковид-19. Во Скопје, вклучувајќи ги денешните случаи, бројот на заразени достигна на близу 4700, од кои над 1800 случаи се активни, а 193 починале. Со последните 11 пациенти, Куманово ја надмина бројката од 1002 заразени, од нив 294 активни случаи. Тетово со двајца ново заразени денеска се искачи на 1.000 заразени, од кои 270 се активни случаи. А, останува загружувачка состојбата во Штип, каде со денешните 13 заразени бројката се искачи на 774. Штип исто така се рангира со највисока бројка на случаи во Европа, односно 1469.4, а Скопје 760.8 заразени на 100 илјада жители.

Министерство за здравство

Бројот на заразени денеска:

Скопје 39

Куманово 11

Штип 13

Гостивар 8

Битола 6

Кичево 4

По 3 во Охрид, Прилеп, Кавадарци и Свети Николе

Струга како и Тетово имаат по 2 пациенти

А по 1 заразен има во Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод

 

Денеска, починаа 5 лица – по еден во Скопје, Куманово, Кичево, Прилеп и Штип. Бројот на починати се искачи на 471.

А, денеска се излекувани 99 пациенти, со што бројот на излекувани се искачи на 5663 .

 

Министерство за здравство

Бројот на излекувани денеска:

Скопје 49

Струга 17

Охрид 15

Тетово 10

По 2 во Гостивар и Штип

И по 1 во Кичево, Струмица, Ресен и Кочани.

 

Од појавата на пандемијата реализирани се 97,550 тестови, од кои 10.5% биле позитивни. Од друга страна, доколку го споредиме интензитетот на заразените на месечна основа, пад на диагностицирани со Ковид-19 е забележан за време на месец јули со околу 8% од тестовите кои се направени до денеска. До денеска бројот на заразени достигна 10,350, од кои 4181 случаи се активни.

 

Përgatiti: Adnan Qaili

Shpërndaj me

Loading...