fbpx

Денес во светот 1 од 6 луѓе постари од 65 години и скоро секое второ лице постаро од 85 години, боледуваат од Алцхајмерова болест. Со оглед на тоа дека светската популација старее, современата медицина ја опишува Алцхајмеровата болест како чума на 21виот век.

Откривањето на болеста во првите стадиуми е од голема помош и за самите семејства на заболените, кои што ќе имаат повеќе време да се подготват и да ја испланираат грижата за заболениот од Алцхајмерова болест.

  1. Губење на меморијата. Поради стрес, презафатеност или расеаност, сите понекогаш забораваме одредени имиња или податоци и најчесто тоа не треба да нѐ загрижува.
  2. Повлекување од социјални активности. Како што напредува болеста, заболените од Алцхајмер се откажуваат од своите хобија, друштвените активности и работата и избегнуваат контакт со други лица.
  3. Проблеми со интерпретација на визуелни слики. Во одредени случаи на Алцхајмерова болест може да се јават и проблеми со видот како: неможност да се процени оддалеченоста или големината на одреден предмет, тешкотии при читање, проблеми при разликување на боите итн..
  4. Проблеми при извршување на вообичаени активности. Лицата кои страдаат од Алцхајмерова болест често имаат тешкотии при изведување на секојдневни активности кои претходно ги извршувале самостојно без проблеми.
  5. Промени во расположението и однесувањето. При Алцхајмерова болест, лицето може нагло да го менува расположението без да има причина за тоа, а може и да дојде до промена на карактерот.

Shpërndaj me

Loading...