fbpx

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 136 новозаразени со корона вирусот , со што вкупниот број на заразени е 8111. Новите случаи се во 20 града, од кои Скопје, Штип, Гостивар и Тетово имаат двоцифрени броеви. Стапката на новозаразени е 14% од бројот на тестови. Од почетокот на пандемијата во Македонија, извршени се 77.160 тестови.

Скопје- 46 случаи
Штип-14 случаи
Гостивар – 13 случаи
Тетово- 12 случаи

Шест лица починале , од кои двајца од Скопје, двајца од Струга и по еден пацинет од Куманово и Гостивар. Возраста на починатите е од 42 до 80 години. Од почетокот на пандемијата, 382 лица починаа од вирусот. Во изминатото деноноќие уште 123 лица се додадени на списокот на излекувани. Бројот на излекувани е за 677 поголем од бројот на активни случаи односно 4203 наспроти 3526.

На Клиниката за инфективни болести има 87 пациенти, од кои 55 се на терапија со кислород. Додека од 95 пациенти хоспитализирани во болницата „8 септември“, четворица се во апарат за дишење. Бројот на пациенти кои примаат медицинска нега во болниците во земјата е над 450.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...