fbpx

Љубовта е прекрасно чувство. Тоа е најдлабоката емоција што секој може да ја почувствува. Но, и покрај тоа многумина не можат да ја препознаат разликата помеѓу сакањето и заљубеноста.

Вообичаено се верува дека станува збор за едно исто бидејќи и страста може да се почувствува исто, но она што е различно се намерите.

Ако барате партнер кој ќе биде постојано покрај вас, ако барате поддршка и сте спремни несебично да дадете некому љубов, тогаш треба да знаете како да ја препознаете разликата помеѓу овие две чувства.

Како да препознаете дали сакате или сте заљубени?

Бирате кого сакате, но заљубеноста не е избор

Вие ја имате сета моќ кога сакате некого. Вие носите одлука да ја сакате личноста врз основа на неговиот/нејзиниот карактер, физички изглед, одбирате да и верувате врз база на нејзините способности и морални вредности. Ако работите не успеат, тогаш исто така имате моќ да престанете да ја сакате и да ја ослободите од вашиот живот.

Истото не може да се каже ако се заљубите во некого. Може да се случи во секое време, нема да има предупредување, и не е нешто од кое можете туку така да си одите. Дури и ако успеете да заминете, тоа чувство ќе биде со вас засекогаш, така знаете дека сте заљубени во личноста.

Да сакате некого значи да му посакувате најдобро, но да бидеш заљубен во некого, значи дека таа личност е на прво место да го ставаш на прво место

Кога сакате некого, секогаш ќе го сакате најдоброто за него. Но, дали ова значи дека сте спремни да направите жртви за да и помогнете на таа личност да ги постигне своите цели?

Ако сте заљубени во некого, воопшто не ни помислувате на тоа прашање бидејќи тоа се подразбира. Личноста ќе ви биде на прво место и ќе сторите се што е во ваша моќ за да и помогнете во постигнување на нејзините цели и тоа за вас ќе претставува задоволство. 

Сакањето може да заврши, а заљубеноста не

Сакањето како свесен избор не трае вечно и може да заврши во секој момент. Според статистичките податоци, речиси 50 проценти од брачните двојки во САД завршуваат со развод. Тоа само ја докажува поентата дека самата љубов може да заврши. Откако ќе заврши фазата на „меден месец“ во врската, работите стануваат тешки. Следат проблеми во комуникацијата, расправии, разлики во начин на размислување, но ако двојката е заљубена, тогаш тие ќе ги надминат овие проблеми. Причината е во тоа што заљубените не можат да си го замислат животот еден без друг и ќе најдат начин да ги решат овие проблеми.

Да сакате личност значи да ви е потребна, а да се биде заљубен значи да има баланс во врската

Да се има некој кој ќе биде постојано околу вас воопшто не е лоша работа, тоа само значи дека ја сакате личноста и уживате во нејзино друштво. Но, кога сте заљубени во некого, без разлика колку и да сакате да бидете постојано дел од неговиот/нејзиниот живот, знаете дека за да бидете среќни треба да има баланс помеѓу вас, вашите сопствени желби и нивното лично време и нивните желби. Јасно ја гледате целата слика и знаете дека балансот е неопходен.

Да се биде заљубен значи дека станува збор за многу емоции

Ниту една врска не е едноставна, во секоја врска постојат проблеми, но разликата е во начинот на кој се решаваат. Ако сакате некого, некогаш и најбаналните проблеми ќе ви се чинат доволно големи за да дигнете раце и да се откажете од личноста и тоа е така бидејќи вие не чувствувате потреба за да се борите за неа.

Додека кога сте заљубени, за вас секогаш постои решение, проблемот не претставува пречка во врската туку само уште една работа која треба да се надмине со заедничка работа и интерес.

Кога сакате важно е како вие се чувствувате, кога сте заљубени важни ви се чувствата на личноста со која се во врска

Ова е најчестата грешка што луѓето ја прават кога станува збор за љубовта. Кога некој е запрашан: “Зошто ја сакаш оваа личност?” Тие честопати одговараат со “Ми се допаѓа како се чувствувам кога сум во нејзино присуство”. Тој одговор е во ред, но тоа не значи дека сте заљубени во личноста, тоа само значи дека ја сакате.

Ако сте повеќе загрижени за тоа што правите за другата личност, како таа се чувствува, веќе станува збор за вистинска љубов. Може да се каже дека вистинската љубов значи да бидете несебични и да ги ставите чувствата на вашиот партнер пред вашите.

Да сакате значи да поседувате, да бидете заљубени значи да бидете партнери

Кога сакате некого вие сакате цел свет да знае дека таа личност е со вас. Нагласувате дека тој/таа е ваш партнер/ка. Но кога сте заљубени, овие етикети не ви значат ништо. Двајцата сте свесни дека станува збор за повеќе од тоа, дека сте индивидуи, кои совршено функционираат посебно како и заедно.

Да се сака е битка, да се биде заљубен ваквите грижи се бесмислени

Најчесто слушате како партнерите се жалат за нивната врска кога ќе се појават проблеми велејќи како не би требало да биде толку тешко и болно. И во тоа има вистина. Природно, кога сте заљубени во некого овие нешта никогаш не се вистински проблем. Норамално, никогаш во ниту еден однос работите не се сјајни, но партнерите кога се заљубени разговараат и работат на решавање на проблемите. По напорен период, тие ги надминуваат тешкотиите, а со самото тоа и нивната врска станува поцврста.

 

Shpërndaj me

Loading...