fbpx

Две години му беа потребни на владејачкото мнозинство и на опозицијата да се договорат за првиот човек на Државниот завод за ревизија. Со 13 гласа „ЗА“ и ниту еден против, во Комисијата за избори и именувања, економистот Максим Ацевски од Велес е предложен за прв човек на Ревизија. Предлогот на Комисијата се очекува да помине и на пленарна седница која се очекува да се одржи најдоцна до 11 декември. За претседателот на собраниската Комисија, многу е важно изборот на директорот на Државна ревизија да биде пред изборите.

Во Комисијата поминаа уште два други предлога, директор на Управата за заштита на личните податоци да биде екс пратеникот на ДПА, Имер Алиу, а Пламенка Бојчевска е предложена за претседателка на Агенцијата за пристап до слободни информации.

Shpërndaj me

Loading...