Во сите скопски општини, потоа Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и општините Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце од утре се воведува 80 часовен полициски час. Тој почнува од утре вечер во 21, а ќе трае до 5 часот во понеделник наутро. Ваква одлука вечерва донесе владата по препорака на Комисијата за заразни болести откако драстично порасна бројот на новозаболени со Ковид 19 низ земјава. Освен овие општини, полициски час се воведува повторно и за сите други, но со траење од 16 до 5 часот следниот ден. Според министерот за здравство, рестрикциите се враќаат зашто граѓаните и фирмите не ги почитувале мерките.

Mbledhja e qytetarëve në raste dhe festa familjare, mos mbajtja e pajisjeve mbrojtëse, mosrespektimi i masave nga kompani për transport dhe organizik të punës dhe shlelje të tjera të ngjashme, janë arsyet kyçe prë ritjene të sëmurëve të rinj në Shkup, në rajonin e Kumanovës dhe Likovës, në Tetovës me komunat për rreth, Shtipit dhe rrethinës. Mirë është që në të githë pjesën e mbetur të vendit situata është stabile dhe rezultate sporadike.

Според Филипче, растот на новозаболени се должи и на неказнување од страна на полицијата. Освен повторното воведување на полицискиот час, владата одлучи овој петок, кога е верскиот празник Задушница, да се забрани одењето на гробишта, освен во случај на погреб. Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани. Во случајот со новиот полициски час, повторно ќе важат дозволите за движење на оние кои ги поседуваа во изминатите два месеци.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...