fbpx

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се отстранува дел од законската заштита што ја добиваат социјалните медиуми. Тоа значи дека компаниите како Фејсбук и Твитер ќе можат да бидат тужени за начинот на кој ги третираат објавените содржини на своите платформи.

Во наредбата стои дека социјалните мрежи се вклучени во „селективна цензура“. Трамп редовно ги обвинува социјалните мрежи дека ги задушуваат или цензурираат мислењата на конзервативците и дека имаат неконтролирана моќ.

Твитер вчера за првпат го опомена Трамп за објавување лажни вести, означувајќи еден негов твит поврзан со годинашните избори со предупредување за проверка на факти. Трамп потоа дури се закани дека ќе ги укине социјалните мрежи.

Извршната наредба на Трамп се однесува на закон од 1996 година кој на онлајн платформите како Твитер, Фејсбук и Јутјуб им дава законска заштита во одредени ситуации. Експертите ја опишуваат секцијата 230 од овој закон како „26 зборови кои го креирале интернетот“. Според оваа секција, социјалните мрежи генерално не се одговорни за содржините што ги објавуваат корисниците, но можат да ги блокираат.

Ова е драматична ескалација во војната на Трамп со технолошките компании, кои се мачат да се справат со сѐ поголемиот проблем на лажни вести и дезинформации.

Shpërndaj me

Loading...