Милионски штети пресметуваат транспортерите. Точната сума колкав е нивниот минус засега велат е рано да кажат, но тврдат дека за дури 70 отсто им се намалена работата во однос на планираното. Билјана Муратовска од Здружението на транспортери вели проблемот е во тоа што целото стопанство во Македонија е замрено. Она што сега се транспортира се залихите, ново производство речиси и да нема.

Ќе треба да помине најмалку десет месеци и цела година додека не се врати вратиме во нормала. Што значи, за да работат и заработат македонските транспортери треба обрт. Ние конкурираме со превозниците од сите држави, а тие имаат и право на поврат на акциза, што значи имаат и помали транспортни трошоци, а ние имаме многу поголеми“, изјави Билјана Муратовска претседател на здружение на транспортери Макамтранс.

Дека трговската размена на земјава е драстично намалена потврда дава и најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Во него се забележува дека вкупната вредност на извозот во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани се намалила за осум отсто. И податоците за увозот на стока за истиот период се во негатива за 3,5 отсто.

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

ИЗВОЗ јануари – март 1,4 милијарди евра
УВОЗ јануари – март 1,9 милијарди евра

Податоците на статистика покажуваат дека речиси со сите земји со кои компаниите од Македонија тргуваат има намалување во извозно – увозната соработка. И натаму најголемо учество кај извозот имаат катализаторите и останати производи за автомобилската индустрија. Најмногу се увезувале пак платина, железо и челик. Лоша статистика има и во земјоделството.

„Во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот период лани има намалување и на извозната страна кај земјоделските производи. Податоците на Министерството за земјоделство покажуваат дека за 16 милиони евра е намален извозот на домашните земјоделски производи во странство“.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...